dcsimg

Ленови ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Леновите (науч. Linaceae) се фамилија на цветни растенија со космополитско распространување, со околу 250 видови. Постојат осум родови, од кои најголемиот е Linum (лен), со околу 180 до 200 видови.

Морфологија

Повеќето претставници се тревести или ретко дрвенести, а во тропските региони има и големи дрвја. Простите целокрајни листови се речиси секогаш наспрамни, понекогаш со прилисници.

Цветовите се хермафродитни, актиноморфни (целосно симетрични) и петделни (многу ретко четириделни во тропите). Постојат пет венечни и пет чашкини ливчиња, десет прашници и до десет семки. Семињата се образуваат на пет двоклеточни плодни листови. Цветовите на повеќето култивирани вариетети се темно или светло сини. Но, се среќаваат и бела, виолетова, розева или црвена боја на цветот, што ги прави привлечни украсни растенија. Семињата се сјајни и може да се темнокафеави или жолти.

Систематика

Во постарите класификациски системи (како Кронквистовиот), оваа фамилија била сместувана во свој посебен ред - Linales. Поновите систематики ја сместуваат во редот Malpighiales. Некои поважни родови од Linaceae се:

Употреба

Еден вид, Linum usitatissumum, се одгледува поради фибрилите и семињата. Семето е извор на ленено масло и храна.

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Ленови: Brief Summary ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Леновите (науч. Linaceae) се фамилија на цветни растенија со космополитско распространување, со околу 250 видови. Постојат осум родови, од кои најголемиот е Linum (лен), со околу 180 до 200 видови.

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија