Сирак (науч. Sorghum) — род од многу видови на треви, што се одгледуваат како жито и фуражна култура. Успеваат во потоплите краишта. Видовите се автохтони во тропските и суптропските подрачја на сите континенти, покрај југозападното тихоокеанско подрачје и Австралазија. Ова растение спаѓа во потсемејството просолики (Panicoideae) и племето Andropogoneae (на кое припаѓа и шеќерната трска).
Обичниот сирак или алаваџиско просо (Sorghum bicolor),[1] е мошне важна житна култура во светот. Се користи како храна (во зрна и меласата), сточна храна, за произведување на алкохолни пијалаци и за биогорива. Највеќето сорти се отпорни на суша и топлина,[2] па затоа се од особено значење во суви краишта, каде оваа житарка е важна за прехраната на сиромашното и селското население. Во разни тропски региони, овие сорти играат важна улога и како храна за стоката по пасиштата. Кај луѓето, сиракот е мошне значајна прехранбена култура во Африка, Средна Америка и Јужна Азија и претставува „петта најважна житна култура во светот“.[3]
Некои видови сирак содржат извесна доза на водород цијанид, хорденин и нитрати, кои се смртоносни ако животнотите ги јадат додека растението е младо. При услови на суша и жештини, дури и возрасните растенија стануваат отровни.[4]
Друг вид пак, наречен алепски сирак или „Џонсонова трева“ (S. halapense) во САД претставува наезден (инвазивен) вид.[5]
Во Македонија се одгледува скромно количество сирак. Во 2017 г. се произведени 45 тони сирак, што претставува значаен пад од 82 тони во 1996 и дури 346 тони во 1992 г.[6]
Во 2009, екипа на научни истражувачи од повеќе земји ја составиле низата на геномот на сиракот.[7][8]
|accessdate=
(помош) Сирак (науч. Sorghum) — род од многу видови на треви, што се одгледуваат како жито и фуражна култура. Успеваат во потоплите краишта. Видовите се автохтони во тропските и суптропските подрачја на сите континенти, покрај југозападното тихоокеанско подрачје и Австралазија. Ова растение спаѓа во потсемејството просолики (Panicoideae) и племето Andropogoneae (на кое припаѓа и шеќерната трска).