dcsimg

Леќа ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages
 src=
Леќини растенија пред цветање

Леќа („кујнска леќа“ или „обична леќа“; англиски: Lens culinaris) — грмушесто едногодишно растение од семејството на бобови (Fabaceae) кое нашироко се одгледува како зрнеста култура. Достигнува 40 см во висина и има обично по две сплеснати семки сместени во мешунка.

Човекот ја користи леќата за исхрана уште од предгрнчарскиот период на новото камено време и со тоа е една од првите припитомени растителни култури на Блискиот Исток. Археолошките наоди укажуваат на нејзина употреба пред 9.500 до 13.000 години.[1]

По боја, леќата може да биде жолта, портокалово-црвена, зелена, кафеава или црна.[1] Сортите се разликуваат и по големина и се продаваат со или без лупка, располовени или цели.

 src=
Ботаничка илустрација на леќата од 1885 г.

Хранлива вредност и здравствени особини

Со приближно 30% од калориите во белковински облик, леќата го зазема третото место по застапеност на белковини по единица тежина од сите зрнести, оревести и мешункасти плодови, веднаш по сојата и конопот.[2] Во белковините се застапени есенцијалните аминокиселини изолеуцин и лизин. Како таква, леќата има голема улога како важен извор на белковини кај земјите од Западна Азија и Индискиот потконтинент кои имаат големо вегетаријанско население.[3] Од друга страна, растението е недостатно на две еденцијални аминокиселини: метионинот и цистеинот.[4]

Леќата содржи и прехранбени влакна, фолна киселина, витамин Б1 и минерали. Црвената (или розова) леќа има пониска концентрација на влакна од зелената (11% наспроти 31%).[5] Важи за мошне добар извор на железо. Една шолја сварена леќа задоволува преку половина од дневната потреба од железо кај човекот.[6]

Бидејќи леќата има мали количества на лесносварлив скроб (5%), а доста бавносварлив скроб (30%), таа е особено погодна за лица со шеќерна болест. Останатите 65% се отпорен скроб од класата RS1,[7] кој е висококвалитетен отпорен скроб со 32% амилоза.

Леќата има и извесни противхранлици чинители, како што се трипсински забавувачи и релативно големата количина на фитати. Трипсинот е ензим со улога во варењето на храната, а фитатите ја намалуваат биорасположивоста на прехранбените минерали.[8] Количеството на фитати може да се намали со чување на леќата во топла вода одвечер.

Производство

 src=
Производство на леќа во светот

Растението се одгледува ширум целиот свет и е релативно отпорно на суша. Според Организацијата за исхрана и земјоделство на ООН (ФАО) во 2009 г. во светот се произведени 3,917 милиони тони леќа, од кои најголемиот дел во Канада, Индија, Турција и Австралија.

Во Република Македонија производството на леќа бележи голем пад во последните две децении. Во 2007 г. се произведени 87 тони, споредено со 177 тони во 1999 г. и 254 тони во 1992 г.[9]

Околу една четвртина од леќата во светот се произведува во Индија и речиси сета се троши на домашниот пазар. Канада е најголем извозник на леќа во светот, при што 99% од неа се произведува во Саскачеван.[10] Во сезоната 2009/10 во земјата се произведени рекордни 1,5 милиони тони.[11] Најзастапена сорта е светлокафеавата.[10]

10 најголеми производители на леќа (во тони) Место Земја 2010 2011 2012 1  src= Канада 1.947.100 1.531.900 1.493.620 2 Индија Индија 1.031.600 943.800 950.000 3 Австралија Австралија 140.000 379.659 463.000 4  src= Турција 447.400 405.952 438.000 5  src= САД 392.675 214.640 240.490 6  src= Непал 151.757 206.969 208.201 7 Етиопија Етиопија 80.952 128.009 151.500 8 Народна Република Кина НР Кина 125.000 150.000 145.000 9 Сирија Сирија 77.328 112.470 130.229 10 Иран Иран 100.174 71.808 85.000 — Цел свет 4.686.673 4.386.870 4.522.097 Извор: Организација за исхрана и земјоделство на ООН[12]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Leah A. Zeldes (16 February 2011). „Eat this! Lentils, a prehistoric foodstuff“. Dining Chicago. Chicago's Restaurant & Entertainment Guide. конс. 4 August 2011.
  2. Callaway JC (2004). Hempseed as a nutritional resource: an overview. Euphytica 140:65–72.
  3. „Essential Amino Acids“. конс. 19 September 2014.
  4. Randy Sell. „Lentil“. North Dakota State University Department of Agricultural Economics. Архивирано од изворникот на 21 June 2009. конс. 14 December 2011.
  5. „База на хранливи вредности на USDA“. конс. 19 септември 2014. Check date values in: |accessdate= (помош) (англиски)
  6. "Iron: food sources". конс. 19 September 2014.
  7. Kawaljit Singh Sandhu, Seung-Taik Lim Digestibility of legume starches as influenced by their physical and structural properties Elsevier, 16 март 2007
  8. "Effect of processing on some anti-nutritional factors of lentils", J. Agric. Food Chem.
  9. „Производство на леќа во Република Македонија — податоци од 1992 до 2007 г.“. Организација за исхрана и земјоделство на ООН. конс. 9 март 2015. Check date values in: |accessdate= (помош) (англиски)
  10. 10,0 10,1 „Lentil (Lens culinaris)“. Pulse Canada. конс. 24 January 2015.
  11. „Crops Market Information - Canadian Industry“. конс. 19 September 2014.
  12. „Производство на леќа по земји“. Организација за исхрана и земјоделство на ООН. 2012. конс. 21 февруари 2014. Check date values in: |accessdate= (помош) (англиски)

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Леќа: Brief Summary ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages
 src= Леќини растенија пред цветање

Леќа („кујнска леќа“ или „обична леќа“; англиски: Lens culinaris) — грмушесто едногодишно растение од семејството на бобови (Fabaceae) кое нашироко се одгледува како зрнеста култура. Достигнува 40 см во висина и има обично по две сплеснати семки сместени во мешунка.

Човекот ја користи леќата за исхрана уште од предгрнчарскиот период на новото камено време и со тоа е една од првите припитомени растителни култури на Блискиот Исток. Археолошките наоди укажуваат на нејзина употреба пред 9.500 до 13.000 години.

По боја, леќата може да биде жолта, портокалово-црвена, зелена, кафеава или црна. Сортите се разликуваат и по големина и се продаваат со или без лупка, располовени или цели.

 src= Ботаничка илустрација на леќата од 1885 г.
license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија