dcsimg

Кртови ( Macedônio )

fornecido por wikipedia emerging languages

Кртовите (научно: фам. Talpidae) образуваат група на цицачи од редот Soricomorpha.[1] Тие се широко распространети во Европа и Северна Америка (од јужна Канада до северно Мексико). Во северните делови од Евроазија достигнуваат до 63° с.г.ш.

Надворешен изглед и прилагодби

 src=
Ѕвездонос крт.

Кртовите се мали до средно големи цицачи: должината на телото се движи од 5 до 21 cm, тежат меѓу 9 и 170 g. Тие (освен видот Neurotrichus gibbsii, кој живее на површината) се приспособени за подземен ријачки начин на живот. Телото им е издолжено, округло, прекриено со густо, мазно и кадифено крзно. Крзното на кртовите има уникатна одлика — нивните влакна растат исправено, а не ориентирани во определена насока. Ова му дозволува на кртот да се движи лесно под земјата во било која насока — влакната слободно се поставуваат и напред и назад. Бојата на кртовите е монотона, црна, кафеава или темносива. Нозете се кратки, шепите се лопатовидно раширени; канџите се големи со зарамнет врв. Задните екстремитети се обично послаби од предните. Опашката е кратка. Главата е мала и издолжена. Носот е издолжен во подвижна рилка. Вратот е речиси невидлив. Ушни школки отсуствуваат или се многу мали. Видот кај кртовите е слаб; кај некои видови очите се затскриени со кожа. Добро се развиени сетилата за мирис и допир.

Черепот е долг, конусен, со многу тенки зигоматски лаци. Бројот на забите изнесува од 33 до 44. Бројот и градбата на забите се користи при определување на родовите. Прешлени: вратни 7, градни 13-14, карлични 5-6, крстни 5-6 и опашни 8-27. Коските, особено оние од раменскиот појас, се широки и силни. Клучната коска се зглобува непосредно со раменската (кај другите цицачи — со израстокот на лопатката). Карличните коски се долги и тесни. Кај мажјаците има пенисна коска, која е позната како бакулум.

Екологија

Кртовите живеат во најразлични предели, а претпочитаат станишта со влажни почви кои се лесни за копање (риење). Повеќето видови водат подземен начин на живот, копаат тунели и се хранат со подземни без`рбетници, а поретко и со делови од растенија. Поради посебната градба на предните екстремитети, приспособени за копање и риење на почвата, многу кртови лазат по површината. Некои видови во потрагата по храна излегуваат на површината или водат надземен начин на живот. Активни се преку целиот ден и ноќта, или само навечер и ноќе. Поради високиот степен на метаболизам, кртовите се многу ненаситни по храна. Обично живеат поединечно.

Значење за човекот

 src=
Шепа од преден екстремитет на европскиот крт.
 src=
Ископини од крт.

Кртовите се корисни, ја раскопуваат почвата и со тоа придонесуваат за нејзината аерација и влажност. Тие уништуваат голем број на без`рбетници кои се сметаат за штетници во земјоделството и шумарството. Некои кртови предизвикуваат штета, ги јадат дождовните црви и корењата на градинарските и овошните култури.

Систематика

Фамилијата се состои од 15 родови, во кои има околу 40 видови.

Подфамилија вистински кртовиTalpinae. Се среќаваат во Евроазија и Северна Америка.

Подфамилија планински кртовиUropsilinae. 4 вида, распространети во Тибет и Кина:

Други подземни животни

licença
cc-by-sa-3.0
direitos autorais
Автори и уредници на Википедија
original
visite a fonte
site do parceiro
wikipedia emerging languages

Кртови: Brief Summary ( Macedônio )

fornecido por wikipedia emerging languages

Кртовите (научно: фам. Talpidae) образуваат група на цицачи од редот Soricomorpha. Тие се широко распространети во Европа и Северна Америка (од јужна Канада до северно Мексико). Во северните делови од Евроазија достигнуваат до 63° с.г.ш.

licença
cc-by-sa-3.0
direitos autorais
Автори и уредници на Википедија
original
visite a fonte
site do parceiro
wikipedia emerging languages