Штрковите (науч. Ciconiidae) се фамилија птици од редот на штрковидните, големи, со долги нозе, долг врат и долг, цврст клун. Штрковите живеат во многу подрачја во светот, и на посуви места од блиските на нив чапји, ибиси и лажичарки.
Штрковите се неми, не испуштаат гласови, а комуницираат со штракање на клунот. Многу видови се преселници. Повеќето од нив јадат жаби, риби, инсекти, црви, мали птици и мали цицачи. Има 16 вида штркови распоредени во 6 рода. Поради крупното тело, а и големите крилја кои достигнуваат распон и до 3,2 метра, при летањето штрковите ги користат воздушните струења. Нивните гнезда се многу големи и може да ги користат повеќе години. Гнездото може да биде и до 2 метра во дијаметар и околу 3 метра длабоко. Тие се моногамни, но не онака како што се мислело за нив порано. Можно е да го сменат партнерот по миграцијата, или да мигрираат без својот партнер. Нивното доживување како верни партнери потекнува од митологијата и културата, а не од реалниот живот.
Видови:
Видови:
Видови:
Видови:
Вид: