dcsimg

Lifespan, longevity, and ageing

добавил AnAge articles
Maximum longevity: 20.6 years (captivity) Observations: In the wild, 10 year-old females have been known to give birth and record longevity is 13.7 years (Ronald Nowak 1999). One wild born male was around 20.6 years old when he died in captivity (Richard Weigl 2005).
лиценца
cc-by-3.0
авторски права
Joao Pedro de Magalhaes
уредник
de Magalhaes, J. P.
соработничко мреж. место
AnAge articles

Волк

добавил wikipedia emerging languages

Волкот (Canis Lupus) е најголемиот претставник од семејството кучиња, кој живее во дивина, а предок е на домашниот пес. Иако понекогаш во дивината може да се сретне само еден осамен волк, нормалниот социјален живот на волците се одвива во глутница. Глутницата кај волците по правило се состои од родителски пар и нивните потомци, значи станува збор за фамилија. Волците (за разлика од домашните кучиња) полово созреваат дури во втората година од својот живот и за тоа време остануваат со своите родители.

Подигање

Периодот на носење е помеѓу 60 - 63 денови, а во едно легло по правило има помеѓу три и седум (понекогаш се случува и четиринаесет) младенчиња. Минатогодишните волци им помагаат на родителите во подигањето на следната генерација на младенчиња. Во нормални услови, во есен волчјата глутница се состои од родителски пар, нивните младенчиња од претходната година како и младенчињата од тековната година. Со достигнување на половата зрелост, младите волци по правило ја напуштаат територијата на своите родители и тргнуваат во потрага по сопствена територија. Родителите секогаш се доминантни во однос на својот подмладок, според тоа нема борби околу доминацијата.

Исхрана

Основната храна на волците ја сочинуваат големите тревопасни животни, при тоа го ловат оној вид кој е најчест на подрачјето на кое живее. Во северните делови на подрачјето на кое се распространети претежно ловат во глутници ирваси, срни или некој вид на елен. Во нивниот улов во источна Европа спаѓаат и дивите свињи. Редовно ловат и помали глодари како и зајаци, куни и кртови. Во случај на недостаток на дивеч, волците јадат и мрши како и отпадоци.

Распространетост

Волкот е распространет во Северна Америка, Гренланд, Европа и Азија.

Волкот како тема во уметноста и во популарната култура

Волкот се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура.

Волкот како тема во книжевноста

  • „Глупавиот волк“ - кавкаска народна приказна.[3]
  • „Волкот, свињата и чавката“ - кавкаска народна приказна.[4]
  • „Лисицата и волкот“ - унгарска народна приказна.[5]
  • „Селанецот, волкот и јагнето“ - македонска народна приказна.[6]
  • „Лисицата и волкот“ - македонска народна приказна.[7]
  • „Волчица“ - расказ на италијанскиот писател Џовани Верга.[8]
  • „Волчицата и волчињата“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[9]
  • „Волкот, бабата и детето“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[10]
  • „Лавот, волкот и лисицата“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[11]
  • „Волкот и овцата“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[12]
  • „Волкот и коњот“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[13]
  • „Волкот и ждралот“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[14]
  • „Волкот и козата“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[15]
  • „Волкот и лавот“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[16]
  • „Волкот и јагнето“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[17]
  • „Волкот и јагнето“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[18]
  • „Волците и кучињата“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[19]
  • „Волкот и нојот“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[20]
  • „Волкот и бебето“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[21]
  • „Волкот и овчарите“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[22]
  • „Волкот и жеравот“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[23]
  • „Сточарот и волкот“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[24]
  • „Друштво на волци“ - расказ на англиската писателка Анџела Картер.[25].
  • „Волчја авантура“ - песна на унгарскиот поет Шандор Петефи.[26]
  • „Песната на волците“ - песна на унгарскиот поет Шандор Петефи.[27]
  • „Волчја сенка“ (Вучја сенка) - песна на српскиот поет Васко Попа.[28]
  • „Волчја сол“ (Вучја со) - поетска збирка на српскиот поет Васко Попа од 1968 година.[29]
  • „Поклонение на Куциот Волк“ (Поклоњење Хромом Вуку) - циклус песни на српскиот поет Васко Попа од збирката „Волчја сол“ (Вучја со) од 1975 година.[30]
  • Волкот и седумте јариња“ – сказна на браќата Грим.[31]
  • „Волкот и лисицата“ – сказна на браќата Грим.[32]
  • „Волкот и човекот“ – сказна на браќата Грим.[33]
  • „Лисицата му се одмаздила на волкот“ (Лисица се осветила вуку) - српска народна приказна.[34] [35]
  • „Волкот“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.[36]
  • „Нешто за сонцето и стапиците за волци“ - расказ на македонскиот писател Живко Чинго од 1963 година.[37]

Волкот како тема во музиката

  • „Страшниот волк“ (Dire Wolf) - песна на американската рок-група „Грејтфул дед“ (Grateful Dead) од 1970 година.[38]
  • Како ќе преживее ли волкот?“ (How Will the Wolf Survive? ) - музички албум на американската рок-група „Лос лобос“ (Los Lobos) од 1984 година.
  • „Ќе преживее ли волкот?“ (Will the Wolf Survive? ) - песна на американската рок-група „Лос лобос“ (Los Lobos) од 1984 година.[39]
  • „Волците умираат сами“ (Vukovi umiru sami) - песна на хрватскиот поп-пејач Борис Новковиќ од 2005 година.[40]
  • „И волците излегуваат“ (...And Out Come The Wolves) - албум на американската панк-група „Ренсид“ (Rancid) од 1995 година.[41]

Волкот како тема во филмот

Наводи

  1. Mech, L.D. & Boitani, L. (IUCN SSC Wolf Specialist Group) (2008). Canis lupus. Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2008. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 22 March 2009. (англиски) Database entry includes justification for why this species is of least concern.
  2. Macdonald, David; Claudio Sillero-Zubiri (2004). The Biology and Conservation of Wild Canids. Oxford: Oxford University Press. стр. 45–46. ISBN 0198515561.
  3. Кавкаске бајке. Београд: Народња књига, 1963, стр. 166-169.
  4. Кавкаске бајке. Београд: Народња књига, 1963, стр. 170-176.
  5. Мађарске бајке. Београд: Народња књига, 1974, стр. 86-88.
  6. Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 24-26.
  7. Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 33-34.
  8. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 231-235.
  9. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 62.
  10. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 76.
  11. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 90.
  12. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 75.
  13. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 81.
  14. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 83.
  15. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 80-81.
  16. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 67.
  17. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 67.
  18. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 9.
  19. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 18.
  20. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 20.
  21. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 24.
  22. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 27.
  23. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 90.
  24. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 93.
  25. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 19-31.
  26. Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 32-33.
  27. Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 68.
  28. Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 170.
  29. Aleksandar Petrov, „Vasko Popa“, во: Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 198.
  30. Aleksandar Petrov, „Vasko Popa“, во: Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 195-199.
  31. Браќа Грим, Храбриот кројач, Детска радост, Скопје, 1980.
  32. Браќа Грим, Храбриот кројач, Детска радост, Скопје, 1980.
  33. Браќа Грим, Храбриот кројач, Детска радост, Скопје, 1980.
  34. Народне приповетке. Београд: Просвета, 1963, стр. 141-144.
  35. Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 251-254.
  36. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 41.
  37. Живко Чинго, Пасквелија. Скопје: Култура, 1968, стр. 175-184.
  38. YouTube, Dire Wolf (пристапено на 30.5.2019)
  39. YouTube, Los Lobos - Will the Wolf Survive? (пристапено на 30.5.2019)
  40. YouTube, Boris Novković - Vukovi Umiru Sami (Official Video) (пристапено на 22.10.2019)
  41. YouTube, Rancid - ...And Out Come The Wolves [1995 (Full Album) (пристапено на 22.8.2017)]
  42. amovie12092 www.allmovie.com
  43. IMBd, Hour of the Wolf (1968) (пристапено на 8.5.2017)
лиценца
cc-by-sa-3.0
авторски права
Автори и уредници на Википедија
изворно
посети извор
соработничко мреж. место
wikipedia emerging languages

Волк: Brief Summary

добавил wikipedia emerging languages

Волкот (Canis Lupus) е најголемиот претставник од семејството кучиња, кој живее во дивина, а предок е на домашниот пес. Иако понекогаш во дивината може да се сретне само еден осамен волк, нормалниот социјален живот на волците се одвива во глутница. Глутницата кај волците по правило се состои од родителски пар и нивните потомци, значи станува збор за фамилија. Волците (за разлика од домашните кучиња) полово созреваат дури во втората година од својот живот и за тоа време остануваат со своите родители.

лиценца
cc-by-sa-3.0
авторски права
Автори и уредници на Википедија
изворно
посети извор
соработничко мреж. место
wikipedia emerging languages