Firmicutes е големо бактериско колено кое вклучува голем број видови со Грам-позитивна структура на клеточениот ѕид.[1] Многу ретко, како кај родовите Megasphaera, Pectinatus, Selenomonas и Zymophilus, надворешната мембрана на клеточниот ѕид е порозна, што резултира со Грам-негативно обојување. Коленото, во прилог на карактеричниот клеточен ѕид, се истакнува и по ниската содржина на азотните бази гванин и цитозин во нивната ДНК. Во ова колено спаѓаат бактерии со огромно значење за индустријата, медицината и земјоделството, на пример, стрептококите, стафилококите, бактериите на млечно-киселинското вриење, хемолитичките бактерии и клостридиите.[2] Оваа група бактерии сочинува најголем дел од човековата цревна микрофлора.[3]
Коленото е поделено на пет класи, со тоа што некои автори во него ја додаваат и групата на бактерии без клеточен ѕид (Mycoplasma, Mollicutes). Во ова колено спаѓаат повеке од 270 родови, од кои најзначајни се:
Firmicutes е големо бактериско колено кое вклучува голем број видови со Грам-позитивна структура на клеточениот ѕид. Многу ретко, како кај родовите Megasphaera, Pectinatus, Selenomonas и Zymophilus, надворешната мембрана на клеточниот ѕид е порозна, што резултира со Грам-негативно обојување. Коленото, во прилог на карактеричниот клеточен ѕид, се истакнува и по ниската содржина на азотните бази гванин и цитозин во нивната ДНК. Во ова колено спаѓаат бактерии со огромно значење за индустријата, медицината и земјоделството, на пример, стрептококите, стафилококите, бактериите на млечно-киселинското вриење, хемолитичките бактерии и клостридиите. Оваа група бактерии сочинува најголем дел од човековата цревна микрофлора.