Брестови (науч. Ulmaceae) — фамилија на цветни растенија во која спаѓаат дрва како брестот (Ulmus) и зелковата (Zelkova).[1] Членовите на фамилијата се застапени ширум умерениот појас, а во останатите краишта имаат проретчена расеана распространетост (освен во Австралазија).[2][3]
Фамилијата опфаќа зимзелени и листопадни дрва и грмушки што содржат слузни лепливи материи во ткивото на листовите и кората. Листовите обично се наизменично распоредени на дршката и прости со мазни или различно назабени рабови, честопати со несиметрична основа. Цветовите им се мали и можат да бидат двополови или еднополови.[4] Плодот може да има крилест, оревест или јаткаст облик. Дрвата од овој род имаат важност како дрвен материјал за мебел. Црвениот брест (U. rubra) се користи како облагнувач при воспаленија на внатрешните органи. Брестот, водиот брест и зелковата се одгледуваат како украсни дрва.
Брестови (науч. Ulmaceae) — фамилија на цветни растенија во која спаѓаат дрва како брестот (Ulmus) и зелковата (Zelkova). Членовите на фамилијата се застапени ширум умерениот појас, а во останатите краишта имаат проретчена расеана распространетост (освен во Австралазија).