dcsimg

Мравка

добавил wikipedia emerging languages

Мравки се еусоцијални инсекти од семејствого formicidae и, заедно со осите и пчелите, припаѓаат на редот на hymenoptera. Мравките се појавиле наеднаш околу светот во касниот дел од креда, но веќе биле доста разновидни од самиот почеток, сугерирајќи дека имале порани предци. Мравките еволуирале од семејство vespoid, еден тип на оси кои биле предци од периодот креда, кои станале мошне разновидни веќе поради зголемениот број на скриеносеменици. Повеќе од 12500 од проценетите 22000 видови на мравки биле класифицирани до денес.[1][2] Тие лесно се препознатливи од нивните искривени антени и дистинктивната јасолеста структура на нивното тенко тело.

Мравките формираат живеалишта кои по големина се од неколку мравки грабливки што живеат заедно во мали природни дупки, до огромни организирани мравјалници кои окупираат големи територии, и се состојат од милиони мравки. Поголемите мравјалници имаат разни класи на стерилни, безкрилести женки, од кои повеќето се работници, како и војници и други специјализирани групи.[3][4] Речиси сите мравјалници имаат и плодни машки единки кои се наречени дрони, но и една или повеќе плодни женки наречени матици.[4] Мравјалниците се нарекуваат и суперорганизми затоа што мравките работат како едно, унифицирано суштество, за да ја поддржат заедницата.[5][6]

(видео) Мравки собираат храна

Мравките се присутни на речиси секој континент и остров на светот. Единствените места на кои што нема домородни мравки се Антарктикот и неколку ненаселиви острови. Мравките удобно живеат во повеќето екосистеми и вообичаено сочинуваат меѓу 15-25% од живата маса на копнени животни.[7] Нивното напредување во толку многу околини е главно поради на нивната социјална организација и нивната способност да ја изменат околината, да ги корстиат расположливите ресурси и да се бранат себе си. Нивното заедничко живеење со други видови довело до мимикрија, коменсализам, паразитизам и мутуализам[8]

Во заедниците на мравки има поделба на работа, комуникација измеѓу единките и способноста да извршат покомплицирани проблеми.[9] Овие сличности со човечкото општество оддамна било инспирација за истражување. Голем број на култури ги користат мравките за храна, медицина и ритуали. Некои видови на мравки се користат за уништување на други инсекти, кои вообичаено се штетни. [10] Поради нивната способност да користат ресурси, во некои случаи мравките се наоѓаат во конфликт со луѓе бидејќи можно е да оштетат фарми, но и да извршат инвазија на згради. Некои видови, како Solenopsis invicta се сметаат за инвазивни мравки, кои се сместуваат во места каде што биле однесени нагрешка

Таксономија и еволуција

Aculeata

Chrysidoidea



Vespidae



Rhopalosomatidae




Pompilidae



Tiphiidae




Scolioidea



Apoidea



Formicidae







Филогенетска позиција на Formicidae[11]

Семејството Formicidae е дел од редот Hymenoptera, кое исто така вклучува некои видови на муви, пчели и оси. Мравките еволуирале од инфраредот Aculeata, и истражување од 2013 г. Сугерира дека се сестринска група со Apoidea. [11] Во 1966 г, Едвард Осборн Вилсон и неговите колеги истражувале фосил од мравка (Sphecomyrma) која живеела во периодот креда. Мравката, која била заробена во килибар датирала од околу 92 милиони години, имала сличности кои се присутни во некои оси, но не во денешните мравки. [12] Истраживање од 2006 г. Сугерира дека мравките се појавиле десетици милиони години порано од што претходно било познато, дури и пред 168 милиони години.[13] По зголемениот број на скриеносемеци пред околу 100 милиони години мравките станале многу разновидни и биле во еколошка доминација пред околу 60 милиони години.[14][13][15][16] Некои групи, како Leptanillinae и Martilinae сугерираат дека мравките станале разновидни уште од пораните мравки кои највереојатно биле предатори во најгорните слоеви на земјата.[17][18]

"
Фосили од мравки во балтички килибар

Во периодот на Кредата, раните мравки биле распространети околу Лавразија во северната полутопка. Сепак тие биле ретки во споредба со останатите популации на инсекти, мравките претставувале само околу 1% од целосната популација на инсекти. Мравките станале доминантни по адаптивната радиација во почетокот на периодот палеоген. Меѓу епохите Олигоцен и Миоцен, мравките веќе претставувале меѓу 20-40% од сите фосили на инсекти. Од видовите кои живееле во епохата Еоцен, околу една десеттина од родовите преживеале до денес. Истовремено родовите кои преживеале до денес претставуваат 56% од сите родови во фосили од балтички килибар (кои се од раниот Олигоцен), а 92% од фосилите од килибар во Доминиканската Република (кои се од раниот Миоцен).[14][19]

Дистрибуција и диверзитет

Регион Број на
видови [20] Неотропика 2.162 Неарктика 580 Европа 180 Африка 2.500 Азија 2.080 Меланезија 275 Австралија 985 Полинезија 42

Мравки се присутни на секој континент освен Антарктикот, и неколку поголеми острови како Гренланд, Исланд, делови на Полинезија и Хаваи Островите, каде што не се пристуни домородни мравки.[21][22] Мравките имаат голем број на еколошки еколошки начини на преживување и имаат способност да искористат разновидни видови на храна како директни или индиректни растителнојадни животни, грабливци и лешинари. Повеќето од видовите на мравки се сештојадци. Нивната еколошка доминација е демонстрирана од нивната биолошка маса, проценето е дека мравките составуваат 15-20% (а речиси 25% во тропски предели) од целокупната биолошка маса на копнени животни, надминувајќи ја масата на сите 'рбетници.[7]

Мравки по големина се од 0.75 до 52 мм (0.03 ин до 2 ин),[23][24] најголемиот вид бил фосилот Titanomyrma giganteum, на кои што матицата била 6 цм (2.4 ин) долга со должина на крила од 15 цм (5.9 ин).[25] Мравки се разновидни по боја, но сепак повеќето се црни или црвени, но неколку видови се зелени а некои од тие што се наоѓаат во тропски предели имаат метален сјај. Повеќе од 12.000 видови се досега познати (од проценети 22.000 видови), најголемата разновидност на мравки е присутна кај тропските предели. Таксономски истражувања за да се датира класификацијата и систематиката на мравки. Поради што мравките се релативно лесни да се истражуваат во екосистеми, тие се корисни за дознавање на еколошки промени на нивната средина и за истражување на биоразновидност.[26][27]

Морфологија

"
Дијаграм на мравка работник (Pachycondyla verenae)

Мравки се уникантни во нивната морфологија, бидејќи, во спротивност на останатите инсекти, имаат искривени антени, метаплеврални жлезди, а и голема контрола врз нивниот втор абдоменален сегмент со јазлест изглед. Главата, мезозомата и метазомата се три целосно различни сегменти од телото на мравка. Нивната петиола формира тесна половина меѓу нивните мезозоми и е формирана од еден или две јазли.[28]

Исто како други инсекти, мравките имаат егзоскелет, надворешна подлога која функционира како еден вид на оклоп, а функционира исто и како точка за поврзување на мускулите, во спротивност на внатрешните скелети на 'рбетниците. Инсекти немаат бели дробови, кислород, јаглероден диоксид, и други гасови минуваат низ егзоскелетот низ мали вентили што се налик на душник. Инсектите исто немаат крвен систем, наместо него имаат долга тенка цевка на површината на телото (која е наречена дорсална аорта) која функционира како срце и пумпа хемолимфа кон главата, со кое што се оддржува циркулацијата на нивните внатрешни течности. Нивниот нервен систем е составен од вентрална нервна линија која минува низ целото тело, со неколку ганглија и гранки до патот кон нивните екстремитети.[29]

Глава

"
Портрет на мравка
"
Myrmecia вид на мравка со силни мандибули и релативно големи очи со добар вид

Главата на мравка има многу сетилни органи. Како и повеќето инсекти, мравки имаат фасетни очи кои се состојат од голем број мали леќи кои се заемно поврзани. Очите на мравките се добри за приметување на движење, но не овозможуваат добра резолуција на слика. Исто имаат 3 мали ocelli (прости очи) на врвот на нивната глава со кои што можат да осетат ниво на светлина и поларизација.[30] Во споредба со 'рбетници, повеќето мравки имаат слаб или просечен вид, а дури некои подземни видови се целосно слепи. Некои други мравки, како австралијанската myrmecia, имаат многу добар вид и можат да ја проценат далечината на предмети во движење во реичиси метар на далечина.[31]

Две антени се зацврстени на главата на мравките, со овие органи тие можат да осетат хемикали, промаја, но и вибрации, истовремено се користат и за да даваат и примаат сигнали преку допир. Главата исто има и две силни вилици, мандибули, со кои што можат да носат храна, да користат предмети, да градат мравјалници, како и за заштита.[29] Кај некои видови има мало џепче во нивната уста каде што чуваат храна за да можат да го пренесат до други мравки или на ларвите.[32]

Мезозомите

И нозете и крилјата на мравката истовремено се зацврстени за нивната мезозома. Нозете на мравките се искривени, со налик на кука на завршетокот, кое што им овозможува да се качуваат по секакви површини.[33] Единствено плодните мравки, односно матицата и машките единки, имаат крилја. Матицата ги губи своите крилја кога заминува да на направи нов мравјалник, со тоа остануваат видливи траги, кои се вообичаени кај матициите. Кај некои видови, постојат машки единки матица без крилја.[29]

Метазома

Метазомата (стомакот) на мравката содржи важни внатершни органи, вклучувајќи ги тие за репродукција, дишење и за лачење. Кај работниците на повеќето видови, органот за произведување на јајца се користи и како боцка.[29]

Мравката како тема во уметноста и во популарната култура

Мравката се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:

Наводи

  1. „Hymenoptera name server. Formicidae species count.“. Ohio State University. Архивирано од изворникот на 2016-01-27. Unknown parameter |url-status= ignored (помош)
  2. Fernández, F., уред (2003). La nueva taxonomía de hormigas. Instituto Humboldt, Bogotá. стр. 45–48. http://antbase.org/ants/publications/20973/20973.pdf. посет. 13 декември 2015 г.
  3. Fisher, Brian L.; Bolton, Barry (26 July 2016). Ants of Africa and Madagascar: A Guide to the Genera. University of California Press. стр. 24. ISBN 9780520290891.
  4. 4,0 4,1 Singh, Rajendra (2006). Elements of Entomology. Rastogi Publications. стр. 284. ISBN 9788171336777.
  5. Caste and ecology in the social insects. Princeton University Press, Princeton. 1978. стр. 21–22. ISBN 978-0-691-02361-8.
  6. Flannery, Tim (2011). A Natural History of the Planet. Grove/Atlantic, Inc.. стр. 79. ISBN 978-0-8021-9560-9.
  7. 7,0 7,1 In search of ant ancestors. „Proceedings of the National Academy of Sciences of the United States of America“ том 97 (26): 14028–9. декември 2000 г. doi:10.1073/pnas.011513798. PMID 11106367. Bibcode: 2000PNAS...9714028S.
  8. Hölldobler & Wilson (1990), p. 471
  9. 11,0 11,1 Phylogenomics resolves evolutionary relationships among ants, bees, and wasps. „Current Biology“ том 23 (20): 2058–62. октомври 2013 г. doi:10.1016/j.cub.2013.08.050. PMID 24094856. Bibcode: 1996CBio....6.1213A.
  10. The first mesozoic ants. „Science“ том 157 (3792): 1038–40. септември 1967 г. doi:10.1126/science.157.3792.1038. PMID 17770424. Bibcode: 1967Sci...157.1038W.
  11. 13,0 13,1 Phylogeny of the ants: diversification in the age of angiosperms. „Science“ том 312 (5770): 101–4. април 2006 г. doi:10.1126/science.1124891. PMID 16601190. Bibcode: 2006Sci...312..101M.
  12. 14,0 14,1 A formicine in New Jersey cretaceous amber (Hymenoptera: formicidae) and early evolution of the ants. „Proceedings of the National Academy of Sciences of the United States of America“ том 97 (25): 13678–83. декември 2000 г. doi:10.1073/pnas.240452097. PMID 11078527. Bibcode: 2000PNAS...9713678G.
  13. The rise of the ants: a phylogenetic and ecological explanation. „Proceedings of the National Academy of Sciences of the United States of America“ том 102 (21): 7411–4. мај 2005 г. doi:10.1073/pnas.0502264102. PMID 15899976. Bibcode: 2005PNAS..102.7411W.
  14. Ants and the fossil record. „Annual Review of Entomology“ том 58: 609–30. doi:10.1146/annurev-ento-120710-100600. PMID 23317048. https://semanticscholar.org/paper/8ab4cb4820bb99f1a9805eb34eee839ce22c0722.
  15. Rediscovery of the bizarre Cretaceous ant Haidomyrmex Dlussky (Hymenoptera: Formicidae), with two new species. „American Museum Novitates“ том 3755 (3755): 1–16. doi:10.1206/3755.2. http://digitallibrary.amnh.org/dspace/bitstream/handle/2246/6368/N3755.pdf?sequence=1.
  16. Hölldobler & Wilson (1990), pp. 23–24
  17. Hölldobler & Wilson (1990), p. 4
  18. Jones, Alice S. „Fantastic ants – Did you know?“. National Geographic Magazine. Архивирано од изворникот на 30 July 2008. конс. 5 July 2008. Unknown parameter |url-status= ignored (помош)
  19. Thomas, Philip (2007). „Pest Ants in Hawaii“. Hawaiian Ecosystems at Risk project (HEAR). конс. 6 July 2008.
  20. Hölldobler & Wilson (1990), p. 589
  21. Shattuck SO (1999). Australian ants: their biology and identification. Collingwood, Vic: CSIRO. стр. 149. ISBN 978-0-643-06659-5.
  22. Schaal, Stephan (27 јануари 2006 г). Messel. „Encyclopedia of Life Sciences“. doi:10.1038/npg.els.0004143. ISBN 978-0-470-01617-6.
  23. Ants: Standard methods for measuring and monitoring biodiversity. Smithsonian Institution Press. 2000. http://antbase.org/databases/publications_files/publications_20330.htm. посет. 13 декември 2015 г.
  24. Johnson NF (2007). „Hymenoptera name server“. Ohio State University. Архивирано од изворникот на 27 January 2016. конс. 6 July 2008. Unknown parameter |url-status= ignored (помош)
  25. Borror, Triplehorn & Delong (1989), p. 737
  26. 29,0 29,1 29,2 29,3 Borror, Triplehorn & Delong (1989), pp. 24–71
  27. Oceili: a celestial compass in the desert ant cataglyphis. „Science“ том 228 (4696): 192–4. април 1985 г. doi:10.1126/science.228.4696.192. PMID 17779641. Bibcode: 1985Sci...228..192F.
  28. Eriksson, E. Sture. Attack behaviour and distance perception in the Australian bulldog ant Myrmecia nigriceps. „J. Exp. Biol.“ том 119 (1): 115–131. http://jeb.biologists.org/content/119/1/115.full.pdf.
  29. The infrabuccal pocket of a formicine ant: a social filtration device. „Psyche“ том 69 (3): 107–116. doi:10.1155/1962/25068. http://psyche.entclub.org/69/69-107.html.
  30. Holbrook, Tate. „Ask a Biologist: Face to Face with Ants“. ASU School of Life Sciences. конс. 2018-01-23.
  31. Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 139.
  32. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 86.
  33. Ephraim Kishon, Kod kuće je najgore – Obiteljske priče, drugo izdanje. Zagreb: Znanje, 1984, стр. 34-36.
  34. Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 101.
  35. „Napomena priređivača“, во: Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 283.
  36. Discogs, Adam And The Ants (пристапено на 4.9.2019)
  37. YouTube, Blondie Attack Of The Giant Ants (пристапено на 8.2.2017)

лиценца
cc-by-sa-3.0
авторски права
Автори и уредници на Википедија
изворно
посети извор
соработничко мреж. место
wikipedia emerging languages

Мравка: Brief Summary

добавил wikipedia emerging languages

Мравки се еусоцијални инсекти од семејствого formicidae и, заедно со осите и пчелите, припаѓаат на редот на hymenoptera. Мравките се појавиле наеднаш околу светот во касниот дел од креда, но веќе биле доста разновидни од самиот почеток, сугерирајќи дека имале порани предци. Мравките еволуирале од семејство vespoid, еден тип на оси кои биле предци од периодот креда, кои станале мошне разновидни веќе поради зголемениот број на скриеносеменици. Повеќе од 12500 од проценетите 22000 видови на мравки биле класифицирани до денес. Тие лесно се препознатливи од нивните искривени антени и дистинктивната јасолеста структура на нивното тенко тело.

Мравките формираат живеалишта кои по големина се од неколку мравки грабливки што живеат заедно во мали природни дупки, до огромни организирани мравјалници кои окупираат големи територии, и се состојат од милиони мравки. Поголемите мравјалници имаат разни класи на стерилни, безкрилести женки, од кои повеќето се работници, како и војници и други специјализирани групи. Речиси сите мравјалници имаат и плодни машки единки кои се наречени дрони, но и една или повеќе плодни женки наречени матици. Мравјалниците се нарекуваат и суперорганизми затоа што мравките работат како едно, унифицирано суштество, за да ја поддржат заедницата.

(видео) Мравки собираат храна

Мравките се присутни на речиси секој континент и остров на светот. Единствените места на кои што нема домородни мравки се Антарктикот и неколку ненаселиви острови. Мравките удобно живеат во повеќето екосистеми и вообичаено сочинуваат меѓу 15-25% од живата маса на копнени животни. Нивното напредување во толку многу околини е главно поради на нивната социјална организација и нивната способност да ја изменат околината, да ги корстиат расположливите ресурси и да се бранат себе си. Нивното заедничко живеење со други видови довело до мимикрија, коменсализам, паразитизам и мутуализам

Во заедниците на мравки има поделба на работа, комуникација измеѓу единките и способноста да извршат покомплицирани проблеми. Овие сличности со човечкото општество оддамна било инспирација за истражување. Голем број на култури ги користат мравките за храна, медицина и ритуали. Некои видови на мравки се користат за уништување на други инсекти, кои вообичаено се штетни. Поради нивната способност да користат ресурси, во некои случаи мравките се наоѓаат во конфликт со луѓе бидејќи можно е да оштетат фарми, но и да извршат инвазија на згради. Некои видови, како Solenopsis invicta се сметаат за инвазивни мравки, кои се сместуваат во места каде што биле однесени нагрешка

лиценца
cc-by-sa-3.0
авторски права
Автори и уредници на Википедија
изворно
посети извор
соработничко мреж. место
wikipedia emerging languages