dcsimg
Слика од (Stylochus) pilidium
Life » » Metazoa »

Сплескани црви

Platyhelminthes

Сплескани црви

добавил wikipedia emerging languages
 src=
Метил (Fascioloides magna), изолиран од орган на диво животно.
 src=
Копулација кај планарии.

Сплесканите црви, односно типот Platyhelminthes се најниско градени билатерално симетрични ткивни животни, со слободен или паразитски начин на живеење. Основен белег за нив, по кој и го добиле името, е дорзо-вентралното сплескано тело. Инаку, основната форма на телото е вретеновидна, листовидна или лентовидна, додека големината варира од 1 mm до 10 m во должина. Карактеристично е отсуството на телесна празнина, за сметка на што просторот меѓу органите е исполнет со паренхимско ткиво. Кај слободните форми, телото е покриено со трепчест епител, а кај паразитските со кутикула. Под епителот е расположен мускулниот слој од кружни и надолжни мускулни влакна (кожно-мускулен слој). Денес се познати околу 15.000 видови на сплескани црви.

Сплесканите црви се делат на следниве класи:

класа Тении (Cestoda)
класа Метили (Trematoda)
класа Еднороди (Monogenea)
класа Трепчести црви (Turbellaria)

Општа градба на внатрешноста на телото

Како што е претходно наведено, во сплесканото тело на овие животни отсуствува телесна празнина (целом), а наместо неа целата внатрешност е исполнета со паренхим. Сите органи се наоѓаат во овој паренхим. Тие се:

  • Респираторен систем отсуствува, а кислородот го примаат преку дифузија низ телесната површина. Исто така, голема улога во респирацијата има гастроваскуларната празнина која се разгранува речиси насекаде низ телото, така што го транспортира кислородот до секоја клетка.
  • Екскреторниот систем (кој кај некои примитивни видови отсуствува) е претставен со нефридии. Тоа се најпримитивни цевчести органи за екскреција, составени од еден или повеќе основни канали, кои од едната страна комуницираат со надворешноста преку екскреторна пора, а од другата се разгрануваат на поситни цевчиња, кои навлегуваат длабоко во паренхимот и завршуваат со ѕвездеста клетка, чии што трепки ги буткаат течните екскрети во каналниот систем.
  • Нервниот систем е од врвчест тип, и е составен од една т.н. мозочна ганглија и аксони кои продолжуваат од неа. Непаразитските (слободни) сплескани црви имаат просто градени сетилни органи, додека кај паразитските се сосема слабо развиени, или, пак, воопшто ги нема.

Наводи

лиценца
cc-by-sa-3.0
авторски права
Автори и уредници на Википедија
изворно
посети извор
соработничко мреж. место
wikipedia emerging languages

Сплескани црви: Brief Summary

добавил wikipedia emerging languages
 src= Метил (Fascioloides magna), изолиран од орган на диво животно.  src= Копулација кај планарии.

Сплесканите црви, односно типот Platyhelminthes се најниско градени билатерално симетрични ткивни животни, со слободен или паразитски начин на живеење. Основен белег за нив, по кој и го добиле името, е дорзо-вентралното сплескано тело. Инаку, основната форма на телото е вретеновидна, листовидна или лентовидна, додека големината варира од 1 mm до 10 m во должина. Карактеристично е отсуството на телесна празнина, за сметка на што просторот меѓу органите е исполнет со паренхимско ткиво. Кај слободните форми, телото е покриено со трепчест епител, а кај паразитските со кутикула. Под епителот е расположен мускулниот слој од кружни и надолжни мускулни влакна (кожно-мускулен слој). Денес се познати околу 15.000 видови на сплескани црви.

Сплесканите црви се делат на следниве класи:

класа Тении (Cestoda) класа Метили (Trematoda) класа Еднороди (Monogenea) класа Трепчести црви (Turbellaria)
лиценца
cc-by-sa-3.0
авторски права
Автори и уредници на Википедија
изворно
посети извор
соработничко мреж. место
wikipedia emerging languages